Привремена забрана на лов на дива свиња

04.11.2022

Ј.У.Н.П. Шар Планина привремено го забранува организирањето лов на дива свиња во територијата на Националниот Парк Шар Планина.

Забраната се однесува на претходно Известување бр.03-322/01 од 19.09.2022 година и Дополнување на информација бр. 356-03/01 од 04.10.2022 година од Ј.У.Н.П. Шар Планина, Република Северна Македонија во кои се наведени условите под кои може да се организира лов на дива свиња на територијата на Националниот Парк Шар Планина, а согласно решението од Министерство за земјаделство, шумарство и водостопанство за одобрување на ловење на дивеч под заштита бр.50-8328/1 од 16.08.2022 година, како и известување бр.50-8405/1 од 18.08.2022 година.


За продолжување на активностите Ј.У.Н.П. Шар Планина, Република Северна Македонија ќе ги извести заинтересираните страни и јавноста навремено.