Усвоен тарифник за наплата на надоместоци

01.03.2023

Финансирањето на дејноста на заштитените подрачја е од голема важност за да се обезбеди ефективно и ефикасно управување со подрачјето.

За таа цел, согласно член 12 од Статутот на Јавната установа Национален Парк Шар Планина, Управниот одбор на ЈУНПШП утврди тарифник за висина на надоместоците за финансирање на дејностите на територија на Националниот Парк.

Тарифникот е концепиран во насока на исполнување на визијата на Паркот при што наплатата ќе биде насочена кон загадувачите и корисниците на услуги, а ќе се привлечат повеќе посетители.

Тарифникот можете да го најдете на следниот линк

https://www.sarmountain.org.mk/sites/default/files/2023-02/tarifnik-odluka.pdf