28.03.2023
ЈУНПШП оствари средба со Шумската полиција од станица Тетово со цел запознавање со основните определби и претстојните активности на Паркот, како и дефинирање на оперативната процедура при регистрирање на недозволени активности во шума.
На состанокот беше разговарано и за заедничко делување при теренските контроли за да се постигне поефикасна заштита на шумите на територија на Националниот парк Шар Планина, со што ќе се создадат услови за нивен одржлив развој.