Непочитување на одлука од страна на ратрак оператори

12.04.2023

Во периодот од 19.01 до 02.04.2023 година службите на ЈУНП Шар Планина, реализираа 16 контроли на вршителите кои организираат туристички активности скијачки тури со моторно возило наменето за газење снег – ратрак, на територијата на Национален парк „Шар Планина“.

Поради непочитување на Одлуката за забрана на користење на природата за организирање туристички активности скијачки тури со ратрак на територијата на Национален парк „Шар Планина“ бр.0202-213/1 од 20.03.2023 која стапи на сила на 20.03.2023 година и предизвиканите оштетувања на биолошката и пределската разновидност, Ве известуваме дека ЈУНП Шар Планина испрати барања до неколку државни институции и органи за понатамошно постапување во рамките на нивните надлежности.

Gallery