22.05.2023
Вчера планинарските клубови од Полошкиот регион:
Планинарски Клуб Тетекс - Тетово
Планинарски клуб „Јелак“ - Тетово
Planinarski Klub ''Argentus mount '' Tetovo
Здружение на планинари Syte E Sharrit
уште еднаш покажаа како се сака природата со дела.
Заеднички беше исчистена патеката од с. Вејце до водопадите и патеката од каменот под Кобилица до с. Вејце.
За да остане Шар Планина убава и за оние што ќе ја посетат по Вас потсетуваме дека со себе треба да го понесете својот отпад.
Благодарност до сите учесници, а се надеваме дека овој пример ќе ги мотивира и планинарските клубови од другите градови.