Состанок со Директорката на УНЕП, Ингер Андерсен

01.06.2023

Денес ја имавме честа да не посетат извршната Директорка на UNEP, Ингер Андерсен, нејзиниот тим и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Помошта која UNEP ја даде за процесот на прогласување на Шар Планина за Национален парк за нашата земја е бесценета.

Изразуваме голема благодарност што програмата за животна средина на Обединетите Нации и Министерството за животна средина и просторно планирање уште пред 3 години препознаа дека на новото заштитено подрачје ќе му биде потребна континуирана поддршка.

Со нетрпение го очекуваме почетокот на овој нов проект и токму денес имавме можност да разговараме за предизвиците кои во следните четири години заедно ќе ги решаваме со УНЕП, МЖСПП и сите локални чинители.

ЈУНПШП беше директно вклучена во дизајнирањето на проектните активности па така поддршката која се очекува ќе биде насочена на заштитата на биодиверзитетот, просторното планирање, управувањето со шумите, пасиштата и водите, со посебен акцент на просперитетот на локалното население преку поддршка на еколошки форми на туризам.

Gallery