17.06.2023
Викендов, на 10 јуни, чуварите на природата во Национален парк Шар Планина открија нелегална активност - бесправна сеча на млади елови стебла на место викано Јелак.
Како што се гледа на сликите стеблата се исечени со намера да се употребат како градежен материјал. Дрвната маса беше одземена, а случајот беше пријавен во МВР и Шумска Полиција. Против прекршителите ќе се води истрага.
Потсетуваме, сечењето дрва без обезбедено соодветно одобрување од Ј.У.Н.П. Шар Планина е кривично дело.