Едукативна патека во НП Шар Планина

22.03.2024

Најдобриот начин да се заштити природата е вложувањето во едукацијата на новите генерации. Преку запознавањето на децата со природните богатства, нивната важност и корисните функции, создаваме генерација која е свесна за потребата од зачувувањето на природата.

Голема благодарност до учениците од основното училиште “Јахја Кемал” со кои денес ги откривме тајните на шумата преку едукативната патека за деца. Научивме дека кога ја штитиме шумата и таа не штити нас.

Нека се честити Денот на шумите и Денот на водите!