05.08.2022
Шар Планина со својот природно географски потенцијал има голем број хидрографски објекти кои се значајни како за геодиверзитетот, така и за биолошката разновидност.
- Забележани се над 100 извори, од кои дваесетина се позначајни.
- Речната мрежа на планинскиот масив е составена од постојани и периодични реки чија вкупна должина изнесува 1,004 km, поделена во дваесет речни сливови. Најкарактеристична е реката Пена која што претставува и најдолга река на оваа планина и исто така е значајна по клисурата што ја има изградено по своето течение која на места достигнува до 1,500 m.
- Други реки кои се од исклучителна важност за гео и биодиверзитетот се: Маздрача, Габровница, Беловишка Река, Љуботенска Река, Чаушица, Лешничка, Кривошиска, Јеловска Река.