Јавната установа Национален парк Шар Планина (ЈУНП Шар Планина) и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ја известуваат заинтересираната јавност дека врз основа на Законот за заштита на природата и Законот за животната средина, ќе се спроведат јавни расправи по однос на:
- Нацрт-Планот за управување со Национален Парк Шар планина за периодот 2022 – 2031 година
- Нацрт-Извештајот за стратегиска оцена врз животната средина за Нацрт-Планот за управување со Национален парк Шар Планина за периодот 2022 – 2031 година.
Двете јавни расправи ќе се одржат на 16 септември 2022 година (петок) во Тетово, а за точната локација и времето на одржување, јавноста ќе биде дополнително информирана.
Заради состојбата со COVID-19 во државата, а во контекст на спроведување транспарентна и инклузивна постапка, со можност за вклучување на поголем број учесници, јавните расправи ќе бидат хибридни и ќе се спроведат со физичко присуство и он-лајн на ЗООМ платформата (линкот за вклучување ќе биде дополнително споделен).
Нацрт-Планот за управување со Национален парк Шар Планина за периодот 2022 – 2031 е достапен за увид на веб страницата на МЖСПП на следните линкови:
Нацрт-Извештајот за стратегиска оцена врз животната средина за Нацрт-Планот за управување со Национален парк Шар Планина за периодот 2022 - 2031 е достапен за увид на веб страницата на МЖСПП на следните линкови:
Вашите забелешки и предлози може да ги доставите на јавните расправи или најдоцна 10 дена од одржувањето на истите на следните контакти адреси:
Јавна установа Национален парк Шар Планина
ул. Његошева, бр. 3, 1200 Тетово, Република Северна Македонија
или на е-маил: park@sarmountain.org.mk
и копија до
Министерство за животна средина и просторно планирање
Плоштад Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје
е-маил: infoeko@moepp.gov.mk