Спроведена оценка на успешноста во работењето на ЈУНП Шар Планина

17.10.2022

Јавната Установа Национален Парк Шар Планина на 1️⃣4️⃣ октомври во Тетово, одржа работна средба со претставници на различни заинтересирани страни на која ги претстави резултатите од работењето од воспоставувањето на новата институција.

На настанот беа присутни претставници од oпштините Тетово, Гостивар, Маврово и Ростуше, претставници на Советот на заинтересирани страни, Научниот совет, претставници на платформата Пријатели на Шара, како и претставници на неколку други граѓански организации. 

 


✅️ Во конструктивната дискусија беше утврдено дека новиот национален парк иако соочен со бројни предизвици бидејќи почнува буквално од нула, сепак постигна видни резултати. 

✅️ Воспоставена е успешна соработка со релевантни институции: МЖСПП, МЗШВ, инспекциските служби, со сите седум општини од Полошкиот регион, другите национални паркови во државата и од соседството, со ЈП Пасишта, со АД ЕСМ како управител на системот Шарски Води, ЈП Национални Шуми, локалните ловечки друштва, Дирекцијата за заштита и спасување, доброволни противпожарни друштва, планинарски друштва, други граѓански организации од регионот како и добра комуникација со месните заедници од населените места на територија на Паркот.

✅️ Во изминатата година ЈУНПШП ги изработи и усвои сите правни документи потребни за конституирање и работење на ЈУНПШ - Статут, Управен одбор, Совет на заинтересирани страни, Научен совет, внатрешни правилници за непречено функционирање на институцијата, подготви Годишна програма за работа за 2022 година, а по одржаната јавна расправа во финална фаза е и усвојувањето на Планот за управување со заштитеното подрачје за периодот од 10 години. 

✅️ Со Владина поддршка доделен е канцелариски простор за тековно работење на институцијата во почетната станица за жичарата од Тетово кон Попова Шапка, и во моментот со помош на донаторски средства веќе е започната реконструкција и прилагодување на приземниот простор.

✅️ Реализирано е  чистење на сите регистрирани диви депонии на територија на новото заштитено подрачје со поддршка на  УНДП и МЖСПП. Поради долгогодишниот нефункционален систем за справување со отпад неколку од овие депонии полека повторно се полнат,  но тоа е само поттик да се интензивира дополнително соработката помеѓу ЈУНПШП, јавните комунални претпријатија и општините. 

✅️ Во изминатите два месеца беа идентификувани 32 ha на кои во текот на оваа есен со помош на УНДП ќе се изврши пошумување со цел да се намалат ефектите од климатските промени.

✅️ Значителна е и соработката со МЖСПП во однос на малите хидро електрани и пратење на билошкиот минимум како и справување со штетите настанати од нивното воспоставување.

✅️ Обезбедена е финансиска поддршка од меѓународни донатори. Пред се од ПОНТ – Фондот за заштита на природата Преспа – Охрид, која се однесува на оперативни трошоци во овој подготвителен период е од исклучителна важност, пред се во воспоставување на системите, реконструкција, набавка на возила и потребни материјали за основно функционирање во заштитата на природата. Во моментот Управата на паркот и ПОНТ соработуваат и на структуирање на новиот проектен период за 2023 година. Од средината на 2022 ЈУНПШП потпиша уште еден проектен договор со Global Conservation Organisation во кој фокусот на активностите е ставен на справување со илегалните активности и подигнување на капацитетите и ресурсите поврзани со ренџерската служба. Во рамките на истиот проект во моментот се изготвува План за управување со дивите животни за 10 годишен период како и детална проценка на заканите на територија на масивот Шар Планина, по флората, фауната, материјалните добра но пред се и по човекот, вклучувајќи го локалното население, посетителите и вработените во Јавната Установа. Со цел финансиски да се поддржи спроведувањето на годишната програма за заштита на природата за 2022 година МЖСПП обезбеди 6 милиони денари.

✅ Во изминатиот период, дополнително, ЈУНПШП имаше интензивна соработка со канцеларијата на УНЕП, Сида, ЕУ и други донатори со цел да се обезбедат потребните средства за да се спроведат сите активности од десет годишниот план за управување.

Успешноста во работењето на институцијата во текот на 2022 година беше реализирано со користење на МЕТТ формулар,  препорачан од IUCN – Меѓународна организација за заштита на природата, Министерството за животна средина и просторно планирање како и ПОНТ. Со помош на алатката за следење на ефективноста на менаџментот беше направена детална проценка на заканите и структуиран прашалник од триесет и осум (38) прашања, присутните направија оценка на успешноста во работењето на Ј.У.Н.П. Шар Планина.

Преку конструктивна дискусија беше идентификуван значителен административен напредок но беа и идентификувани главните сегменти во функционирањето на новиот Национален парк кои треба да се подобрат, меѓу најзначајните беа наведени итноста од вработување на квалификуван кадар и како и подобрување на информираноста кон јавноста.

👉 Сите присутни го поздравија транспарентниот и консултативен начин на вклучување на заинтересираните страни во работењето на новата јавна институција Национален парк Шар Планина.