Состанок со ЈП Пасишта подружници од Тетово и Гостивар

10.06.2023

Денес одржавме состанок со претставници на подрачните единици на Јавното Претпријатие за Пасишта од Тетово и Гостивар.

Воведениот режим на движење во Националниот парк Шар Планина ќе се одрази на движењето на сточарите и токму затоа денес разговаравме за склучување на договор за меѓуинституционална соработка.

Овој механизам во иднина ќе придонесе кон:

- Водење заеднички регистар на субјектите кои под концесии управуваат со одреден ресурс и даваат различен тип на услуги;

- Субјектите кои се заведени во истиот регистар ќе можат да добијат одобрување за движење до своето бачило, според пропишаните правила од планот за управување со Националниот парк;

- Ј.У.Н.П. Шар Планина ќе може да го надгледува влијанието на човековите дејства врз чувствителните живеалишта, а воедно и да ги адресира настанатите штети од незаконско движење на моторни возила;

- Превземање на конзерваторски или реставраторски мерки, по евидентирана потреба;

Со трендовите на миграција село-град интензитетот на користење на планинските пасишта е значително намален што во иднина би влијаело негативно на разновидноста на биодиверзитетот.

За таа цел, со воспоставената соработка двете институции ќе можат заедно да се заложат за изнаоѓање можни инвестиции со кои ќе се подобрат условите на бачилата и состојбата на пасиштата на Шар Планина.

Gallery