Туризам

Туризам - 1 Општи информации

Општи информации

Туризмот е сектор со најголем потенцијал за економски развој и затоа e многу важен. Богатата природа, специфичниот релјеф и пределите, во комбинација со културното наследство, традициите и културните настани кои се организираат во паркот, претставуваат добра основа за развој на туризмот и привлекување на посетители. Шар Планина веќе е популарна дестинација за најразлични активности кои се практикуваат во сите годишни времиња. Постојат капацитети за сместување, како и даватели на туристички услуги, а во изминативе години се забележува и тренд на зголемување на бројот на посетители.

Туризам - 2 Форми на туризам

Форми на Туризам

Земајќи ги во предвид специфичната местоположба и постоечката инфраструктура, можеме да дефинираме две главни форми на туризам во рамките на Националниот парк – масовен туризам и алтернативен туризам. Масовниот туризам се практикува главно во заштитниот појас, додека алтернативните форми на туризам може да се практикуваат во сите три зони на заштита на целата територија на паркот.

Туризам - 3 Алтернативни форми

Алтернативен туризам

Долгорочната визија во Националниот парк е да се поддржат сите форми на туризам кои имаат мало влијание врз животната средина, како и одржување рамнотежа помеѓу масовниот и алтернативниот туризам. Алтернативните форми на туризам, како авантуристичкиот, руралниот, туризмот базиран на природата, гео-туризмот и набљудувањето диви животни стануваат сè попопуларни. Поддршката за развој на која било од алтернативните форми на туризам ќе биде од корист за подобрување на можностите за егзистенција на локалното население и ќе го намали притисокот од туризмот преку негова еднаква распределба на целата територија.