Услуги на паркот

Услуги - 1 Лов

Лов

Со прогласувањето на подрачјето за Национален парк, ЈУНП Шар Планина е одговорниот орган за заштита и управување со дивите животни, вклучително и за санитарен отстрел. На целата територија на паркот ловот е најстрого забранет. 

Интервенции се дозволени само во зоната на активно управување и во зоната на одржливо користењe, во вид на санитарен и селективен отстрел, исклучиво во случај на болести или за контрола на бројот на диви животни што можат да предизвикаат штета на земјоделското земјиште и во селата.

Услуги - 2 Риболов

Риболов

Риболовот е дозволен само на реките во зоната на одржливо користење и тоа само по принципот на улов и пуштање на рибите назад во реките во жива состојба и неоштетени. Забрането е внесување риби во реките и езерата на Националниот парк Шар Планина.

Услуги - 3 Габи

Собирање диви растенија и габи

На територијата на Националниот парк Шар Планина има најмалку 51 вид на растенија и голем број на габи кои можат да се собираат за комерцијални цели. Меѓу најупотребуваните видови се: боровинката, шарпланинскиот чај, смреката, костенот, жолтиот кантарион, мајчината душица, ајдучката трева и лисичарката. 

Дивите растенија и плодови се собираат за лична употреба и за комерцијални цели. Собирањето за лична употреба до 1 kg по лице може да се врши без дозвола во сите 3 зони на заштита. При собирање за комерцијални цели, задолжителна е дозвола за собирање од органот за управување, а собирањето е дозволено само во зоната на одржливо користење и во зоната на активно управување.

Услуги - 4 Огрев

Огревно дрво

Шумите се еден од најважните ресурси од кој имаме економски, општествен и еколошки бенефит. Дрвото во планинските села најчесто се користи за огрев и како градежен материјал. Со шумите во државна сопственост управува Јавната установа Национален парк Шар Планина, додека со приватните шумите управуваат нивните сопственици. Шумите кои се наоѓаат во паркот ќе можат да се користат врз основа на однапред дефинирани критериуми и планови за управување со шуми како и дефиниран режим по зони.

Документи
Молба39.04 KB
Жалба17.07 KB