Културни настани
На територијата на паркот и во поширокиот регион, постои долга историја на голем број фестивали и културни настани со локално и регионално учество. Секоја од општините и речиси секое село во регионот има свои фестивали и настани поврзани со верските празници и традиции.
Од регионален карактер позначајни активности кои се организираат се музичките фестивали: Шари кендон (Шара пее), манифестација каде се презентира фолклорот од разни места каде живее албанскиот народ, „Тетовски фолк филиграни“, „Дитет е Наимит“ (Деновите на Наим) - меѓународна манифестација на поезијата; „Техо“ меѓународно натпреварување на хорското пеење, ,,Блетезат“ и ,,Тетовски јаболчиња“ детски музички фестивал, ,,Саемот на книгата“ презентација на изданија на албански јазик на издавачки куќи од Македонија, Албанија и Косово.