Структура - 1 Опис

Управување со паркот

Со паркот управува Јавна Установа Национален парк Шар планина која со својот стручен и професионален кадар се грижи за природното наследство во паркот и управува со истото. Структурата на управување на паркот ги вклучува следниве тела:

  • Управен одбор;
  • Работодавен орган;
  • Стручен колегијален орган;
  • Одбор за контрола на материјално-финансиско работење.

 

Според Правилникот за внатрешната организација на ЈУНПШП, установата има четири организациони единици – одделенија и тоа:

  1. Одделение за правни, економски и општи работи;
  2. Одделение за заштита на природата;
  3. Одделение за одржливо користење на природните ресурси;
  4. Одделение за алтернативни активности и еколошка едукација.