Пожар помеѓу селата Бозовце и Вешала

06.02.2024

Во изминатите 24 часа се справуваме со 2 пожари од кои вториот помеѓу селата Бозовце и Вешала сеуште не е ставен под контрола поради силниот ветер и сувата вегетација.

Во следните 7 дена, апелираме до сите граѓани на зголемена будност и мобилност заради неповолните временски услови и се надеваме дека овој апел ќе го превземат што повеќе медиуми за поширока информираност на јавноста.

Со цел да се спречат несакани последици потсетуваме дека на територија на Национален Парк Шар Планина е забрането да се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.

Истовремено, доколку забележите пожар, може да пријавите на тел. 112 во Центарот за управување со кризи.

Галерија