Услуги - 3 Габи

Собирање диви растенија и габи

На територијата на Националниот парк Шар Планина има најмалку 51 вид на растенија и голем број на габи кои можат да се собираат за комерцијални цели. Меѓу најупотребуваните видови се: боровинката, шарпланинскиот чај, смреката, костенот, жолтиот кантарион, мајчината душица, ајдучката трева и лисичарката. 

Дивите растенија и плодови се собираат за лична употреба и за комерцијални цели. Собирањето за лична употреба до 1 kg по лице може да се врши без дозвола во сите 3 зони на заштита. При собирање за комерцијални цели, задолжителна е дозвола за собирање од органот за управување, а собирањето е дозволено само во зоната на одржливо користење и во зоната на активно управување.