Режим на движење со моторни возила во Н.П. Шар Планина

Режим на движење со моторни возила
25.05.2023

За движењето со моторни возила на територија на НП Шар Планина е воспоставен режим на движење со цел да им овозможи мир на дивите животни, заштита на природата и ресурсите во приватна сопственост како и уживање на љубителите на природата.
Патиштата на кои е воспоставен режим на движење се претставени на карта, која е подготвена во согласност со Планот за управување со Националниот парк и Законот за заштита на природата.

Локалните жители ќе можат непречено да се движат со моторно возило кон својот имот или бачило, иако се наоѓа на пат на кој е забрането движење на моторни возила, откако претходно ќе обезбедат одобрување од Ј.У.Н.П Шар Планина.
Потсетуваме, чуварската служба има ингеренции да изрече мандатна казна за оние посетители кои не се придржуваат кон правилата.

Галерија