МАВРОВО - Регионална работилница на ОБСЕ

02.11.2022

На студиската регионална консултативна работилница на ОБСЕ „Климатските промени и безбедноста на Шар Планина/Шара и Корабскиот Масив“, која денес и утре се одржува во Маврово, се дискутира за развивање заедничка стратегија за соработка и прилагодување и план за нејзино спроведување, а се споделуваат и примери за најдобрите пракси од соработката во регионот на Шар Планина и Корабскиот Масив, и пошироко. 

НУРЕДИНИ: Зголемување на отпoрност кон климатските промени на Шар Планина и Корабскиот Масив значи поголема безбедност за населението и природата

Обраќање на отварањето имаше министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој истакна дека областа на Шар Планина и масивите на Кораб беа идентификувани како приоритетно жариште за соработка во извештајот на Извештај на ОБСЕ и „Аделфи“: „Регионална проценка за Југоисточна Европа: Безбедносни импликации од климатските промени“.

Климатски активности

Според него, спроведувањето на политиките и мерките поврзани со климатските активности ќе го забрза закрепнувањето на инвестициите и активностите во главните економски сектори како што се услужниот сектор, туризмот, градежништвото и енергетиката, а во исто време ќе создаде нови и зелени можности за отворање на нови работни места. Исто така, од суштинско значење е да се преземат проактивни чекори за да се изгради отпорност кон климатските промени и да се инвестира во мерки за адаптација, особено за најсиромашните или најмаргинализираните во општеството, како и за секторите најпогодени од пандемијата.

Работилницата е во организација на Канцеларијата на координаторот за економски и еколошки активности на ОБСЕ и се спроведува во рамките на Проектот„Јакнење на одговорите на безбедносните ризици од климатските промени во југо-источна Европа, источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија“, кој се реализира под раководство на Координаторот на ОБСЕ за економски и еколошки активности (ОЦЕА), во партнерство со Центарот за истражување и консултации со јавна политика „Аделфи“.

Галерија