Ден на Шумите

22.03.2023

Шумите во Националниот парк се еден од најважните ресурси во обезбедувањето економски, општествени и еколошки добра. Сепак, еколошките добра со својот значај се наметнуваат пред општествено одговорниот управувач со заштитеното подрачје како најважни за зачувување на биолошката разновидност.
Токму затоа ЈУНПШП ја прилагодува стратегијата за финансирање на институцијата кон други извори кои произлегуваат од екосистемските услуги.
Голем број на шумски заедници се веќе деградирани поради илегална сеча и несоодветни практики на користење на дрво во минатото.
ЈУНПШП се заложува да предвиди и спроведува мерки за поинтензивно одгледување, грижа и ревитализација на шумите со што ќе се зачуваат шумските екосистеми на Шар Планина.

Галерија