Генералка Викенд

15.05.2024

Ние го почнавме “Генералка викендот” од денес, ќе продолжиме и утре и задутре, а сите се добредојдени во сабота на патот за Попова Шапка.

На 18.05.2024 организираме голема акција за чистење на патот од Тетово до Попова Шапка на која ги покануваме сите љубители на природата, сите оние кои се грижат за животната средина и сите кои сакаат да ја разубават Шара, да ни се приклучат во акцијата за собирање на отпадот.

За сите учесници е обезбеден транспорт, а поаѓањето е во 09.00 часот пред управната зграда на ЈУНП Шар Планина (стара жичара - Тетово).

Акцијата е предвидено да заврши во 14.00 часот.

Саботите се забавни кога сите заедно се вклучуваме за чиста Шара !

Галерија