16.08.2024
Денес и Шар Планина беше зафатена од пожар во близина на село Градец на место викано Расадник. Покрај тоа што оваа локација не е во границите на Националниот парк, се приклучивме во гаснењето за да не ескалира состојбата и да биде зафатен насадот од црн бор кој се наоѓа во паркот, а е во непосредна близина.
Благодарение на брзата интервенција и добрата координација, пожарот беше локализиран во 15:00 часот. Голема благодарност на пожарникарите од пожарна Гостивар, полицијата од ПС Галате и особена благодарност на неколку волонтери од село Градец кои веднаш се приклучија и со свои возила помогнаа во гаснењето.
Здружено против пожарите!