Повик за доставување идеи за вклучувањето на бизнис заедницата во заштитата на Национален Парк „Шар Планина“
Дали сте загрижени и засегнати за зачувување на природните богатства и сакате позитивно да влијаете на нашата планета? Дали имате иновативна идеја која може да придонесе за одржливоста на Националниот парк „Шар Планина“? Ние ве повикуваме да учествувате во нашата мисија да ги чуваме природните богатства на Шар Планина.
Управувач со овој Повик за идеи
Со овој повик управува Ј.У.Н.П. „Шар Планина“, адреса Његошева бр3, Тетово, РСМ и воедно е автор и раководен субјект на овој Повик за идеи.
Опис на НП “Шар Планина” :
Шар Планина е голем високопланински масив кој се протега долж граничната област помеѓу Северна Македонија и Косово. Областа на Шар Планина е европска жаришна точка за биодиверзитет со исклучителни природни вредности. По неколку децении чекање, на 30 јуни 2021 година, Собранието на Република Северна Македонија прогласи дел од Шар Планина за Национален парк, со повеќе од 75% од територијата под висок степен на заштита според стандардите за заштита на природата на IUCN.
Ова новопрогласено заштитено подрачје се простира на повеќе од 62.705 хектари, богато со шуми, пасишта, глечерски езера, водотеци и разновидна геоморфологија. Регионот е карактеризиран со високи планини чии врвови лесно надминуваат 2.500 метри, со Титов Врв како највисок врв, кој се наоѓа на 2.748 метри надморска височина. Но, пред сѐ, Националниот парк Шар Планина е витално светилиште за биодиверзитетот на Европа, зачувувајќи мозаик на екосистеми и видови кои се суштински за еколошката рамнотежа на Балканот.
Значењето на зачувувањето на Националниот парк „Шар Планина“ не може да се процени. Освен неговата вродена вредност, тој нуди и конкретни придобивки за локалните региони, како што се 27 села со околу 17.000 жители кои живеат во паркот, со обезбедување на витални екосистемски услуги, како што се обезбедување чиста вода, складирање на јаглерод и плодност на почвата, осигурувајќи ја нашата благосостојба и опстанок.
Примарната цел на Паркот е зачувување на постојните природни вредности, подобрување на благосостојбата на луѓето кои живеат во Паркот, како и обезбедување економски придобивки во повеќе сектори. Долгорочната визија на Националниот Парк е да се поддржат сите форми на туризам кои имаат ниско влијание врз животната средина, како и одржување на рамнотежа помеѓу масовниот и алтернативниот туризам. Алтернативните форми на туризам, како што се авантуристички, рурален, туризам засниван на природата, гео-туризам и набљудување на диви животни, стануваат сѐ попопуларни. Поддршката за развојот на било која од алтернативните форми на туризам ќе биде корисна за подобрување на можностите за живот на локалното население и ќе го намали притисокот од туризмот преку негова еднаква дистрибуција низ територијата.
Закани за НП Шар Планина:
Националниот парк Шар Планина се соочува со низа закани кои го загрозуваат неговиот интегритет и го намалуваат биодиверзитетот. Поради промените во традиционалниот начин на живот во регионот, Шар Планина е под зголемен антропоген притисок. Ова предизвикува бројни закани кои можат да доведат до деградација или уништување на сите природни вредности. Следните главни закани го загрозуваат опстојувањето на биодиверзитетот на Шар Планина:
- Неодржлив развој на туристички активности со големо влијание врз животната средина, што предизвикува негативни ефекти врз живеалиштата и екосистемите;
- Нелегална употреба на природните ресурси, пред сѐ шумите, дивиот свет, водата, недрвените шумски производи за генерирање приходи;
- Загадување од недоволно управување со отпад и третман на отпадни води;
- Губење на биодиверзитетот, пејзажните вредности и загадување од нерегулирана изградба и инфраструктурни проекти (изградба на патишта, куќи, ресторани и друга туристичка инфраструктура, итн.);
- Напуштање на традиционалните практики за користење на земјиштето, што доведува до губење на биодиверзитетот.
Целта на повикот за идеи:
Постоечките закани и трошоците за одржување на НП „Шар Планина“ во голема мера ги надминуваат сегашните нивоа на финансирање, поради што се потребни иновативни пристапи за ублажување на заканите, без потпирање исклучиво на традиционалните методи со интензивни трошоци.
Ангажманот на заедницата е клучен, служејќи како камен темелник на овој процес, обединувајќи ја колективната мудрост, преку која се обезбедуваат различни идеи како претходници на решенијата. Веруваме дека иницијативите за соработка помеѓу владините субјекти, НВО и локалните заедници, може да поттикнат иновативни решенија за одржливо користење и управување со ресурсите.
Овој повик на идеи е поделен во две категории:
- Приортитетни идеи, кои можат да ги ублажат заканите за НП „Шар Планина“, идентификувани погоре во „Закани за Шар Планина“
- Глобални идеи кои можат да се категоризираат во една од следниве под категории:
- Идеи кои можат да ублажат други закани кои не се наведени под „Закани за Шар Планина“
- Идеи кои може да генерираат нови приливи во НП „Шар Планина“
- Други идеи кои можат да придонесат за благосостојбата на населението или за подобрување на биолошката разновидност без нужно генерирање трошоци
Идеите можат да се движат од решенија засновани на природата, технолошки иновации, ангажман на заедницата, стратегии и иницијативи за одржлив туризам или било кој концепт којшто придонесува за запирање на ширењето на заканите, подобрување на зачувувањето и одржливото користење на нашите природни ресурси или на крајот на генерирање на нови приливи.
Кој може да учествува?
Нема ограничување за поедници или организации да учествуваат на овој повик, дури и ако нивното потекло е надвор од РСМ. Ги охрабруваме поднесувањата на идеи од различни потекла и индустрии.
Дали има ограничувања за број на идеи по поднесување?
Секое поднесување мора да се биде одделено. Ако некој има повеќе од една идеја, тогаш за секоја идеја треба посебно поднесување
Дали поднесувањето идеи генерира трошоци или награди?
Нема трошоци ниту награди за поднесена идеја. Освен ако авторот не се согласи, ќе има страница за благодарност на веб страницата на Ј.У.Н.П. „Шар Планина“, каде ќе бидат наведени сите подносители на идеи. Некои од најдобрите идеи и нивните автори (ако се согласат) може да бидат истакнати во початена форма или на други начини.
Права на интелектуална сопственост
Сите идеи доставени на повикот на идеи, ќе станат сопственост на Ј.У.Н.П. „Шар Планина“, авторите се откажуваат од било какви права на интелектуална сопственост или барања за компензација поврзана со поднесените идеи.
Зошто да се учествува?
Постојат три причини за замање учество :
- Влијание: Направете значаен придонес за биодиверзитетот и заштитата на Националниот Парк „Шар Планина“. Подобрете ги животите на сегашните и идните генерации.
- Можност: прикажете ја својата идеја
- Вклученост: Во случај да Вашата идеја биде избрана, на крајот може да бидете вклучени во нејзината имплементација
Како да се аплицира:
За да аплицирате молиме пополнете го формуларот за апликација на https://forms.gle/CTDHVMUYMpEnLcAj6
Процес на селекција
Апликациите ќе бидат разгледани од страна на тим на експерти за зачувување, бизнис, и одржливост базирани на позитивните влијанија на биодиверзитетот и населението, изводливоста и финанискиот добит.
Важни датуми
- Краен рок на пријавивање идеи 26.10.2024
- Објава на избрани идеи 08.11.2024
Идеи за идни бизниси во НП “Шар планина”
- Еколошки тури со водич
- Тури со фотографирање на дивиот свет и природата
- Пешачки тури (вклучувајќи и натпреварувачки) + ориентирање
- Програми за интерпретација и запознавање со дивиот свет и природата
- Гео туризам и геолошки истражувања со акцент на особени карпести формации, геолошки процеси и природни обележја, со едукација на посетителите за геолошката историја на заштитениот предел
- Посматрање звезди и астрономски тури
- Сеанси на јога и медитација во природа
- Капење во природа и методи за подобрување на здравјето
- Биоакустични тури со водич со фокус на единствената природна околина со примена на биоакустична технологија за истражување на природните звуци создадени од дивиот свет
- Кампување и луксузно кампување
- Едукација за природната средина и подигање на свеста за истата
- Работилници за за уметност и занаети иснпирирани од природата
- Еколошко прифатливо сместување
- Услуги за транспорт во еко туризмот (пример електрични возила, велосипеди)
- Уметнички изложби и галерии на отворено за дивиот свет
- Музички и уметнички настани иснпирирани од приордата
- Авантуристички спортови на отворено (искачување на карпи и спуштање низ дрвја со сајли)
- Организации на настани на отворено со мало влијание на природата
- Простории за релаксација со теми од природата и дивиот свет
- Ресторани и кафиќи инспирирани од природата со локална органска понуда за храна
- Програми за градење тим и лидерство на отворено
- Искуства со виртуелна реалност за еколошкиот и дивиот свет
- Креирање виртуелни искуства од природата кои им овозможуваат на индивидуалците да научат за природата иако не се физички присатни
- Организирање на мобилни оброци во природата
- Кулинарски искуства инспирирани од природата со локални готвачи и експерти за храна за развој на одржливи, од локални состојци мениа, кои ја отсликуваат единственоста на вкусовите и состојците кои се наоѓаат во заштитеното подрачје
- Игри од теми заштита и зачувување на природата: Развој на интерактивни и едукативни игри кои ја подигаат свеста за предизвиците за зачувување и ги охрабруваат играчите да донесуваат одлуки за нивната свесност за природната средина
Примарен сектор:
- Органски фарми и земјоделие ( пр. чај )
- Собирање и продавање остатоци од дрвјата ( пр. на фабрики за пелети )
- Одржливо производство на производи од пчели ( мед, восок, прополис )
Производство :
- Производство и продажба на лековити растенија
- Одржливо производство на рачно изработен накит од природни материјали
- Производство на накит од производи од дивиот свет ( ако со ова не се прави штета во заштитениот предел )
- Одржливо производство и продажба на огревно дрво ( пелети, јаглен )
Производи и услуги иснпирирани од природата и дивиот свет
- Центри за рехабилитација на дивиот свет ( подржани од донатори, влезници од посетители, зоо градини и слично )
- Филмови и документарни емисии инспирирани од природата и дивиот свет
- Печатени публикации инспирирани од природата и дивиот свет ( книги,водичи, списанија )
- Друштвени игри и аликации за мобилен инспирирани од дивиот свет и природата
За повеќе информации:
За повеќе информации молиме контактирајте ја Ј.У.Н.П. „Шар Планина“ на е-маил opencalls@sarmountain.org.mk
ЛИНК ЗА АПЛИКАЦИЈА: https://forms.gle/CTDHVMUYMpEnLcAj6